Украинскиот претседател Зеленски се врати од Турција со петмина украински воени команданти кои беа заробени од Русија пред нешто повеќе од една година.
Ова се петте команданти на баталјонот Азов, кои за време на опсадата на градот ја бранеа железарницата Азовстал во Мариупол.
Фабриката Азовстал беше последниот бастион на украинската одбрана во пристанишниот град, кој на крајот падна во рацете на Русија во мај 2022 година.
❗️ The commanders of the "Azov" battalion returned from #Türkiye to #Ukraine
"We are returning home from Türkiye and bringing our heroes home. Ukrainian soldiers Denys Prokopenko, Svyatoslav Palamar, Serhiy Volynsky, Oleh Khomenko, Denys Shleha. They will finally be with their… pic.twitter.com/X5r5lpQGYQ
— NEXTA (@nexta_tv) July 8, 2023
Зеленски се врати во Украина со украинските војници Денис Прокопенко, Свјатослав Паламар, Сергиј Волински, Олех Хоменко и Денис Шелха. Зеленски го прегрна секој од нив откако слетаа во Киев.
Зеленски претходно објави фотографија од авионот. Во објавата тој рече: „Се враќаме дома од Турција и ги носиме нашите херои дома. Тие конечно ќе бидат со своите роднини“.
Војниците беа ослободени во септември 2022 година и однесени во Турција, каде што требаше да останат до крајот на војната, според договорот меѓу Русија и Турција.
Враќањето на петте украински команданти од Турција е „директно кршење на размената на затвореници“ со посредство на Анкара минатата година, соопшти Русија.
„Враќањето на лидерот на Азов од Турција во Украина не е ништо друго туку директно прекршување на условите на постоечките договори“, изјави за РИА Новости портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој додаде дека „во овој случај условите биле прекршени и од украинската и од турската страна“.