Голем пожар избувна нешто по 17 часот во термалниот парк AquaLuna во Подчетртек во Словенија, во близина на границата со Хрватска.
Пожарот речиси целосно зафатил една зграда и се крева густ црн чад.
Како што велат од ПУ Цеље, хотелската зграда се запалила, но се уште немаат информации дали се работи за делот со собите или магацинска зграда. Според првичните информации нема повредени, објави словенечкиот портал 24ур.
На терен се неколку противпожарни единици. Пожарникарите засега не можат да го локализираат пожарот.