Остануваме на патот за интеграција на Северна Македонија во Европската унија, но со силни заложби за владеење нa правото и реформа на правосудниот систем, е заклучокот на денешната трета седница на Централниот Одбор на Либерално-Демократската партија.
-Поддршката за уставни измени значи поддршка на европската иднина на граѓаните и напредок на Северна Македонија на евроинтегративниот пат. Подготвивме платформа на сериозни законски иницијативи кои ќе придонесат за подобрување на состојбите во правосудниот систем и нулирање на политичкото влијание, истакна претседателката на ЛДП Моника Зајкова.
Исто така партијата подготвува локални иницијативи кои треба да продонесат за подобро секојдневие на секој граѓанин.
ЛДП го закажа тематскиот конгрес за 16 септември и ја усвои годишната сметка на партијата.