Бајден одобри: САД на Украина ќе и даде касетна муниција која е забранета за користење во повеќе од 100 земји

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден одобри испраќање американска касетна муниција во Украина.

Во согласност со таа одлука, наредено е повлекување на тоа оружје од залихите на Министерството за одбрана на САД, кое треба да започне денеска.

Како што пишува Вашингтон пост, се очекува Бајден денеска да ги соопшти сите детали за одлуката.

Така е заобиколен американскиот закон кој забранува производство, употреба или пренесување на касетна муниција со стапка на неуспех поголема од еден процент, пишува Вашингтон пост.

Ова оружје, кое првпат беше употребено за време на Втората светска војна, обично фрла голем број мали бомби и е познато по тоа што убива цивили.

Исто така, касетната муниција е забранета со поголемиот дел од светската Конвенција за касетна муниција од 2008 година, која САД, Русија и Украина не ја потпишаа.

Патем, ставовите на администрацијата на Бајден за обезбедувањето на Украина со касетна муниција се сменија во текот на изминатата година.

Во декември, портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон Кирби, рече дека САД се загрижени поради испраќањето на контроверзното оружје, кое е забрането во повеќе од 100 земји, бидејќи неексплодираните убојни средства може да завршат со убиство на цивили.

Би можело да ве интересира

Предупредување од Москва: Подгответе се, доаѓаме по вас

Катерина Ѓуровски

Британија нема да дозволи Украина да гаѓа цели во Русија без согласност на САД

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

ВИДЕО: Русија го нападна Киев

Катерина Ѓуровски

Русите брзо напредуваат кон клучниот град. „Ситуацијата е критична, преземаме голем ризик“

Украински медиуми: Русија донесе рекорден број бродови во Црното Море