Еден рибар од Германија неодамна доживеа шок кога фатил човечка нога во вештачко езеро.
Полицијата во покраината Баден-Виртемберг сега има полни раце работа бидејќи истражителите треба да откријат кому му припаѓаат пронајдените човечки останки.
Езерото во близина на Лихтенау во областа Раштат се наоѓа веднаш до Рајна. Таму, рибар уловил нога на непознат маж со чевел на неа. Ова за Билд го потврди полицијата.
Сега големото прашање, велат истражителите е како ногата влегла во езерото. Можеби се случило кривично дело. Полицијата се сомнева дека реката Рајна има врска со оваа приказна.
Ногата би можела да му припаѓа на некој што се удавил во Рајна, а можно е моторот на бродот да ја откорнал од телото и така да завршил во езерото. Според полицијата, ногата била во вода неколку месеци.
– Во моментов е на вештачење во судска медицина. Полицијата анализира актуелни случаи на исчезнати лица. Тоа може да потрае со недели, изјави портпаролот на полицијата.