Приведени две лица по распишани централни потерници, за издржување на затворски казни

Од:

На 04.07.2023 од полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и Одделението за криминалистички работи Гази Баба во 20.00 часот на ул.„Бутелска“ бил лишен од слобода А.А.(41) од Скопје, а во 21.35 часот на ул.„Индира Ганди“ бил лишен од слобода С.А.(44) од Скопје.

За нив биле распишани централни потерници по наредби од Основниот кривичен суд – Скопје, според кои А.А. се барал за издржување на казна затвор од една година и 8 месеци за сторени кривични дела по чл.236 и чл.206 од Кривичниот законик, а С.А. за казна затвор од 2 години за сторено кривично дело по чл.235 од Кривичниот законик. Двете лица биле предаден на надлежната казнено – поправна установа за издржување на казните.

Би можело да ве интересира

Петмина „исклучително опасни“ затвореници избегаа од затвор со максимална безбедност во Португалија

Пандов за избеганите затвореници: Не станува збор за класично бегство, туку за злоупотреба на погодности

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Иран и Шведска разменија затвореници

Затвореник повреден во тепачка во Идризово

A1on

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Затвореници во Германија одбија амнестија, сакаат Божиќ да го поминат во затвор

Горан Наумовски