На убиецот Фетиќ му е одреден притвор, мотивот за убиството уште е непознат, ранетите закрепнуваат

Од:

Едномесечен истражен затвор доби Неџад Фетиќ, 58-годишниот убиец од Сисак, јавува ХРТ. Во саботата уби 45-годишна жена, рани неколку луѓе и запали куќи и автомобили.

Одлуката за притвор е потврдена поради можност за повторување на кривичното дело, но и поради можност за влијание врз сведоци. Се уште не е познат мотивот за нападот.

Претходно, на распитот пред окружниот државен правобранител беше присутен и неговиот службен бранител Данко Ковач, кој не можеше да зборува за одбраната на напаѓачот. Тој само напомена дека својата одбрана ја изнел на рочиштето пред полицијата. Тој додаде и дека е осомничен за повеќе тешки кривични дела.

Станува збор за убиство на 45-годишната Ивана Ј., и за неколку обиди за убиство, односно за ранување на неколку лица, од кои четворица потешко. По распитот Фетиќ е спроведен пред истражен судија, кој одлучил да го задржи во притвор.

Состојбата на тешко повредените е нешто подобра и сите се постабилни. Како што рече Горазд Пиличиќ, анестезиолог од Одделот за анестезиологија, двајцата најтешко повредени пациенти на возраст од 34 и 58 години, на кои им беше извршена операција по пукнат абдомен, сега се во стабилна состојба.

Двајцата се будни, а почнале и да комуницираат. И покрај подобрувањето, нивните повреди се уште се третираат како опасни по живот. Подобри се и другите двајца пациенти кои не се опасни по живот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Српски цивил во 1991 стрелан со 25 куршуми, убиецот од Сисак бил клучен сведок

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на убиецот од Сисак: Има бомба! Застани, да ти еб*м матер