(ВИДЕО) Снимка од апсењето на убиецот од Сисак: Има бомба! Застани, да ти еб*м матер

Од:

Вооружени полицајци на улица го совладаа убиецот, додека предупредувањата дека „има бомба“ одекнува низ воздухот. Полицијата ги замолува граѓаните да се засолнат.

„Тргенете се, има бомба!“, се слуша на снимките, а на кои се гледаат драматичните моменти од апсењето на човекот кој синоќа пукаше во Сисак.

„Застани, да ти еб*м матер“ се слуша машки глас.

Во меѓувреме, вооружени полицајци на улица го совладаа напаѓачот. Го носат преку патот. Некој вели добро да се провери. Полицијата потоа ги предупредува луѓето да се затворат во своите куќи:

„Влезете внатре“, им викаат полицајците на жителите кои гледаат се низ прозорците. Постојано ги предупредуваат да се повлечат внатре.

Се слуша и „Одалечете се од балконот, има бомба“, но од снимката не е јасно кој зборува.

Би можело да ве интересира

На убиецот Фетиќ му е одреден притвор, мотивот за убиството уште е непознат, ранетите закрепнуваат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Српски цивил во 1991 стрелан со 25 куршуми, убиецот од Сисак бил клучен сведок

Катерина Ѓуровски