Ристовски: Родителите немаат обврска да купуваат работни листови

Од:

Во Република Македонија пет години се спроведува системот на бесплатни учебници. Законот за учебници јасно дефинира што е употребливо како учебник и како наставен материјал. Никогаш работните листови не биле предвидени. Работните материјали воопшто не се задолжителен елемент во образовниот систем и родителите немаат обврска да ги купуваат.

Ова денеска го потенцира министерот за образование и наука Спиро Ристовски, по презентацијата на методологијата и критериумите за рангирање на универзитетите и високообразовните установи во состав на универзитетите во Република Македонија.

– Ова било само еден мини бизнис на кој, јас како министер ќе се обидам да му ставам крај. Нема да оставам за ситни бизнис интереси да трпат децата и нивните семејства од финансиски аспект, рече Ристовски.

Министерот Ристовски појасни дека не смее ниту еден наставник или директор да ги задолжува родителите да купуваат дополнителни наставни материјали, посебно не од конкретно наведени автори.

– Не ги забрануваме работните листови и дополнителните материјали во рамки на образовниот систем. Тие се индивидуално право на секој родител. Секој родител може да определи дали ќе набави дополнителен материјал за домашна употреба на неговото дете, рече Ристовски.

Најави дека ќе има надзори и контроли за злоупотребите што се случуваат во училиштата, односно наменското упатување на родителите да набавуваат конкретни дополнителни работни материјали, од определени издавачи, со опис на корицата.

Авторите, појасни Ристовски, кои коментираат за тоа дека по нивниот предмет, на делот кои се автори биле потребни работни материјали, се соочувата со друг проблем.

– При понудата на својот учебник, тие треба да ја понудат и работната тетратка. Ова го ценам како дополнителна желба за  нивна комерцијализација и извесен дополнителен финасиски интерес што е надвор од законите. За мене поголем интерес се 200 илјади семејства во Македонија кои тотално непотребно беа ставани на трошоци, за разлика од 10 издавачи или 20 автори кои успеале по индивидаулани канали да се обидуваат да ги наметнат своите работни тетратки. Интересот на 200 илјади семејства е многу поголем за нас, и како Министерство и како Влада, за разлика од поединечни интереси на некои автори или издавачи, потенцира Ристовски.

Тој нагласи дека наставниците мора да се придружуваат до тоа што е законски определно и што е потврдено од Министерството и Бирото за развој на образование дека е единствено релевантен наставен материјал по кој детето учи.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование