Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, на Твитер објави видеа и фотографии како ја коси тревата што израсна на патот од Бањалука кон Клашница.
Тој рече дека ова ќе биде последен пат да ја работи работата на другите.
„Веќе интервенирав кај надлежните овој простор да биде уреден, чист и косен. Бидејќи верувам дека удобно одмараат, решив сам да искосам се! Ова е последен пат да ја работам нивната работа“, напиша Додик.
Већ сам интервенисао код надлежних да овај простор буде уредан, чист и покошен. Пошто вјерујем да се они угодно одмарају, одлучио сам да све сам покосим!
Ово је посљедњи пут да радим њихов посао. pic.twitter.com/ueU91SFC5E— Милорад Додик (@MiloradDodik) June 29, 2023
Заедно со објавата, Додик објави видеа како ја остри косата и, на изненадување на многу учесници во сообраќајот, ја коси обраснатата трева на западниот транзит во Бања Лука, на раскрсницата за населбата Шарговац.