Ужасна трагедија: Дете падна од траект во море, мајката се фрли по него, двајцата се удавија

Од:

Полската полиција денеска соопшти дека загинале седумгодишното дете кое паднало од патнички траект во Балтичкото Море и мајката на детето, која скокнала во водата по него.

Портпаролот на полицијата Мариуш Цијарка изјави дека не било можно да се спасат нивните животи.

Двете жртви се полски државјани, пренесе АП.

Портпаролот на Шведската поморска управа, Јонас Францен, истакна дека трагедијата се случила вчера, кога детето паднало во вода, а мајката решила да скокне по него.

Тој додаде дека детето паднало од висина од околу 20 метри.

Мајката и детето се превезени одделно со хеликоптер во болницата во Карлскона.

Во спасувачката операција помогнаа бродови и хеликоптери од Шведска и единици на НАТО кои беа во областа.

Би можело да ве интересира

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази

Хавковски: Зеленски сака Полска да соборува ракети над Украина