Косовскиот премиер Хашим Тачи и американскиот амбасадор во Приштина Кристофер Дел денеска потпишаа меморандум за разбирање кој предвидува продолжување на академското образование и усовршување на младите од Косово во САД.
Проектот вреден 20 милиони ќе трае пет години и ќе овозможи школување за 500 до 800 млади.
Косовската и американската Влада обезбедија по половина средства кои првенствено ќе служат за стипендирање на студенти за врема на универзитетското усовршување во САД.
„Подобрување на квалитетот на образованието е стратешки приоритет на Владата на Косово“, рече Тачи по потпишување на договорот.