Полска уапси руски хокеар кој игра за полски прволигаш под обвинение за шпионирање, соопшти денеска обвинителството.
Како што се наведува, тој е 14-то лице кое е уапсено од шпионска мрежа.
Хокеарот ќе биде задржан во истражен притвор и може да се соочи со казна затвор до 10 години.
„Руските шпиони паѓаат еден по еден!“, напиша на Твитер полскиот министер за правда Збигњев Зиобро.
Хокеарот е приведен во јужниот полски регион Шлезија, се вели во соопштението на обвинителот.
Хокеарот и неговиот тим не се јавно идентификувани, објави Ројтерс.
Обвинителот рече дека рускиот хокеар пристигнал во Полска во октомври 2021 година, а според обвинителството, идентификувал критична инфраструктура за која бил платен од руска страна.
Полска во март објави дека разбила руска шпионска мрежа и приведе девет лица кои, наводно, подготвувале акти на саботажа.