Хјуман рајтс воч: Украина користи забранети противпешадиски мини

Од:

Невладината организација за човекови права Хјуман рајтс воч (Human Rights Watch-HRW) вели дека се појавиле докази дека Украина неселективно ги користи забранетите противпешадиски мини. Затоа организацијата ја повика украинската влада да ја почитува својата заложба да не користи такво оружје и да бара одговорност од оние што стојат зад нив.

– Наодите на HRW беа проследени до украинската влада минатиот месец, но досега не добивме одговор, соопшти организацијата.

Во 2005 година, Украина го ратификуваше меѓународниот договор од 1997 година со кој се забранува употребата на таквите мини и се наложува уништување на нивните резерви.

„Русија не се приклучи на договорот, но нејзината употреба на противпешадиски мини го прекршува меѓународното хуманитарно право бидејќи тоа е неселективно оружје“, соопшти ХРВ.

Противпешадиските мини се активираат при контакт или непосредна близина и можат да бидат фатални за цивилите долго по завршувањето на конфликтот.

Би можело да ве интересира

Предупредување од Москва: Подгответе се, доаѓаме по вас

Катерина Ѓуровски

Британија нема да дозволи Украина да гаѓа цели во Русија без согласност на САД

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

ВИДЕО: Русија го нападна Киев

Катерина Ѓуровски

Русите брзо напредуваат кон клучниот град. „Ситуацијата е критична, преземаме голем ризик“

Украински медиуми: Русија донесе рекорден број бродови во Црното Море