Според документите што ги видел Си-Ен-Ен, рускиот генерал Сергеј Суровикин бил таен ВИП член на приватната платеничка група Вагнер.
Како што понатаму се наведува, генералот Армагедон, како што го нарекуваат Суровикина, имал дури и личен матичен број во таа група руски платеници.
Да потсетиме, Суровикин не е виден во јавноста од саботата и не се знае каде е сега.
Неколку медиуми објавија дека постои сомневање дека тој е уапсен како дел од чистката што започна во Русија по бунтот што минатиот викенд го покрена основачот и водач на Вагнер, Евгениј Пригожин.
Американските медиуми дури наведоа дека Суровикин всушност бил вклучен во целата организација.
Суровикин е одликуван командант на руските воздухопловни сили, а прекарот генерал Армагедон, како што пишува, го добил поради безмилосната тактика на бомбардирање градови во Сирија.
На крајот на минатата година беше назначен за командант на руските сили во Украина.