Ковачки: Бесиан Ахмети, вториот внук на Али, бил вработен во Министерство за економија за мониторинг над концесиите на минерали, можел да влијае врз конкуренцијата на неговиот брат Дрин

Од:

Бесиан Ахмети, вториот внук на Али Ахмети, кој сега е именуван за Прв секретар на амбасадата во Брисел, е сопственик од 2007 до 2017 на Еверест ЏД, заедно со брат му Дрин. Еверест ЏД има концесија за експлоатација на варовник доделен од владата на СДС и ДУИ во 2006 година рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

– Бесиан Ахмети излегува од сопственичката структура на Еверест ЏД, која има концесија над рудник за варовник, и се вработува на работно место помлад соработник за мониторинг и следење на договорите за концесија за минерали во Министерството за економија. Бесиан Ахмети, сега од позиција на службеник во извесен период бил поставен за мониторинг врз договорите за концесии на минерали, бизнис со кој се занимава неговата фирма, која останала во единствено сопствеништво на неговиот брат Дрин Ахмети. Бесиан Ахмети како службеник задолжен за мониторинг над концесиите за минерали, можел да влијае врз конкуренцијата на неговиот брат Дрин Ахмети, за Еверест ЏД, во која и самиот бил содружник, вели Ковачки.

Би можело да ве интересира

Ковачки: Нашата сила е во заедништвото тоа ќе донесе нови патишта и улици, почисти и поуредени населби, подобри училишта, повеќе можности за младите

Ковачки: По она што го видов во службите, ОЈО треба да се „издига на клоци“ ако не покрене обвинение

(ВИДЕО) Ковачки: СДС и нивната непромислена политика на веднење кичма ја донесе Македонија до степен на негација од Бугарија

(ВИДЕО) Ковачки: Целта на Бугарија е бришење на јазикот и удирање на идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволуваше истото

Ковачки: Интерпелациите за членовите на Судскиот совет не е политичка пресметка, туку прв чекор кон демонтирање на коруптивниот систем

Лефков: Обвинителството да не молчи, експедитивно да реагира за Дрин Ахмети