Зеленски: Украина нема да се согласи со ниту една од варијантите на замрзнат конфликт

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека нема да прифати никаков мировен предлог што ја претвора руската војна против неговата земја во замрзнат конфликт.

Говорејќи во парламентот на Денот на уставот на Украина, Зеленски сигнализираше дека останува против секој мировен план со кој се замрзнуваат територијалните придобивки од Русија откако ја започна својата офанзива во февруари 2022 година, објави Ројтерс.

„Украина нема да се согласи со ниту една од варијантите на замрзнатиот конфликт“, рече тој.

Зеленски подготви мировна „формула“ од 10 точки, која вклучува враќање на територијалниот интегритет на Украина, повлекување на руските војници и враќање на државната граница на Украина, соопшти агенцијата.

Би можело да ве интересира

Предупредување од Москва: Подгответе се, доаѓаме по вас

Катерина Ѓуровски

Британија нема да дозволи Украина да гаѓа цели во Русија без согласност на САД

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

ВИДЕО: Русија го нападна Киев

Катерина Ѓуровски

Русите брзо напредуваат кон клучниот град. „Ситуацијата е критична, преземаме голем ризик“

Украински медиуми: Русија донесе рекорден број бродови во Црното Море