Резников: Сè уште не сте го виделе главниот настан од контраофанзивата

Од:

Ослободувањето на група села под руска окупација во последните недели „не е главниот настан“ во планираната офанзива на Киев, изјави за „Фајненшл тајмс“ Олексеј Резников, министер за одбрана на Украина.

„Кога ќе се случи, сите ќе видат… Сите ќе видат сè“, изјави тој за ФТ во интервјуто објавено денеска, отфрлајќи ги медиумските извештаи за бавниот напредок на Украина против добро зацврстените руски позиции.

Главните резерви на украинските војници, вклучително и повеќето бригади неодамна обучени на Запад и опремени со современи тенкови и оклопни возила на НАТО, допрва треба да се користат во операцијата, рече Резников.

Украинската војска кон крајот на минатата недела објави дека ослободила вкупно 130 квадратни километри територија окупирана од Русија на југ од почетокот на контраофанзивата пред околу три недели и објави мали успеси на источниот фронт.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем напад со дронови на Русија, наредена евакуација: оштетена трафостаница кај нукеларката во Запорожје

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Лавров: Се однесуваат како мали деца

Катерина Ѓуровски

Предупредување од Москва: Подгответе се, доаѓаме по вас

Катерина Ѓуровски

Британија нема да дозволи Украина да гаѓа цели во Русија без согласност на САД

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

ВИДЕО: Русија го нападна Киев

Катерина Ѓуровски