Бројот на загинатите во нападот на пицеријата во Краматорск се искачи на осум, соопшти украинската служба за итни случаи. Меѓу загинатите има три деца, две 15-годишни и 11-годишник.
BREAKING:
A Russian missile just struck a building in the city of Kramatorsk.
It hit a part of the building which is full of cafes and restaurants that are usually packed with people at this hour.
There could be many victims.
Via @OstapYarysh pic.twitter.com/xDpzHewe95
— Visegrád 24 (@visegrad24) June 27, 2023
Повредени се 56 лица, меѓу кои и дете родено во 2022 година. Три лица се спасени од урнатините.
Вчера две руски ракети го погодија Краматорск, град во источна Украина, а едната падна врз ресторан во центарот на градот. Втората ракета паднала врз блиската населба Биленке.
Гувернерот на источниот регион Доњецк изјави дека во ресторанот во моментот на нападот имало голем број цивили. Видеата покажуваат до кој степен е уништен ресторанот во центарот на Краматорск.
Kramatorsk: 15 people were injured + there were dead… The Russians hit 2 places of gathering of people… pic.twitter.com/4811pjgVdp
— MAKS 23 👀🇺🇦 (@Maks_NAFO_FELLA) June 27, 2023
Од пицеријата во Краматорск останаа само метални греди и урнатини каде се уште се бараат жртви.
На едно од видеата кои се појавија на социјалните мрежи се гледа како маж со крвава глава добива прва помош на пат. На други видеа, спасувачките тимови може да се видат како влегуваат во урнатините со заштитна опрема.
Краматорск е голем град западно од линијата на фронтот во провинцијата Доњецк и веројатно клучна цел во секое руско напредување кон запад во обид да го заземе целиот регион. Градот беше честа цел на руски напади, вклучувајќи го и нападот на градската железничка станица во април 2022 година, во кој загинаа 63 лица.
Русија постојано демантираше дека во својата „специјална воена операција“, како што ја нарекува инвазијата на Украина, цели на цивилни места.