Претпладне сончево, попладне локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец кој вдолж Повардарието ќе засилува.

Попладне и кон крајот на денот претежно во северните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер, краткотрајно и во вид на изолирано невреме.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, од пладневните часови краткотрајно ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 29 степен.

Според УХМР, во четврток ќе дува повремено засилен северен ветер, што ќе услови температурата да се намали за неколку степени, а попладне претежно на запад ќе има појава на повремен пороен дожд и ретки грмежи.

Од петок температурата повторно ќе биде во постепен пораст.

Би можело да ве интересира

Најмногу дожд во Охрид во изминатите 24 часа

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Облачно со повремен дожд и ретки грмежи

Променливо време со дожд и во наредните денови

Горан Наумовски

Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа

ЦУК апелира попладне на внимателност поради локална нестабилност, пороен дожд, силни електрични празнења и засилен ветер