Вооружените сили на Украина изгубиле 259 тенкови и над 700 оклопни возила од почетокот на контраофанзивата, објави рускиот претседател Владимир Путин.
„Сега ми дадоа прецизни информации. Од 4 јуни, односно од почетокот на таканаречената контраофанзива, непријателот изгубил 259 тенкови и 780 оклопни возила“, појасни тој.
Само во правецот Ореховски, кој Киев го смета за главен, за седум дена непријателот изгубил 280 парчиња воена опрема, вклучително и 41 тенк, прецизира Путин.
Како што додаде тој, столбот на раководството на Министерството за одбрана на Русија треба да се формира од оние кои учествуваат во специјалната воена операција.