Евтината дневна тарифа на струјата се враќа од 1 декември

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ја информира јавноста дека дневна евтина тарифа ќе стартува од 1 декември годинава. Електродистрибуција има рок од четири месеци да ги усогласи сите 700 илјади броила за домаќинствата.

„Евтината дневна тарифа ќе им биде достапна на сите домаќинства од 1 декември во периодот од 13 часот до 15 часот. Водејќи се од принципот на заштита на потрошувачите, а согласно направените анализи кои укажуваат дека декември е месецот кога се зголемува потрошувачката на електрична енергија, ја задолживме Електродистрибуција во овој рок да ги усогласи сите броила. Четири месеци се доволни за да се направат сите технички усогласувања со системот за пресметка и фактурирање и соодветниот софтвер“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Во однос на трошоците на енергетските компании , РКЕ ги донесе следните одлуки:

“Донесените цените по блокови за период на високи дневна тарифа се следни: прв блок намалување од 7,04 %, втор блок намалување од 4,09%, трет блок зголемување од 2,54% и четврт блок зголемување од 2,42%. РКЕ носи одлуки за цени и тарифи без ДДВ. Домаќинствата со просечна потрошувачка ќе плаќаат пониска цена за енергија и мрежарина за 4,26 %, а од декември со стартот на дневната евтина тарифа ќе следи линеарно намалување за 5 % на сметките“ изјави Марко Бислимоски претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

Би можело да ве интересира

Грејната сезона почнува на 15 октомври, Регулаторна апелира да се платат сметките и да се проверат инсталациите

Катерина Ѓуровски

Поевтинува дизелот

Поскапува дизелот

Пониски сметки за струја во првиот блок, пристап до мрежа од 200 денари ќе плаќаат и оние што штедат

Катерина Ѓуровски

Парното поскапува, Регулаторна денеска ќе објави колку

До крајот на декември сите достапни броила на ЕВН ќе бидат сетирани за евтина дневна тарифа