Утрово повторно колони за влез во Грција на Богородица

Од:

На граничниот премин Богородица утрово времето на чекање за излез од државата изнесува околу 20-30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од АМСМ известуваат дека по настанатите поплави на 14-ти овој месец, во Делчево и околината оштетени се темелите на мостот на Црвенска река на магистралниот пат А3 делница Македонска Каменица – Делчево. Сообраќајот на мостот се одвива наизменично, по една коловозна лента.

Регионалниот пат од с.Извор кон Прилеп, поточно с. Степанци Општина Чашка кон Прилеп е со наноси од земја и кал поради дождот и истиот е непрооден.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Колони, гужви и чекање за излез преку Богородица и преку Табановце

На граничните премини Богородица и Дојран се чека околу 30 минути

Катерина Ѓуровски

На „Ќафасан“ се чека околу 40, а на „Табановце“ и „Богородица“ околу 30 минути

Горан Наумовски

ВИДЕО: Колони, гужви и чекање на излезите за Грција и на влез од Србија

ВИДЕО: Гужви на Богородица и на Табановце

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: На Богородица се чека по 45 минути, колони има и за влез и излез од Србија