Најмалку две лица се убиени денеска, а десетина се ранети при пукање на голема улична забава во Мичиген.
Жртвите се 51-годишна жена и 19-годишен маж, јавува Асошиејтед прес.
Агенцијата додава дека пукањето се случило во саботата околу полноќ по локално време во Сегино, 164 километри северозападно од Детроит.
Според првичните информации, на забавата имало околу 200 луѓе, а истражителите утврдиле дека се пукало од пет различни оружја.