Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека специјалната воена операција во Украина му е приоритет.
Тој истакна дека е во постојан контакт со Министерството за одбрана, пренесе Ројтерс.
„Па, се разбира, на неа и давам приоритет. Со тоа го започнувам денот и со тоа го завршувам“, рече Путин во интервју со новинар за програмата „Москва.Кремлин.Путин“ на телевизијата „Русија 1“, одговарајќи прашањето колку време посветува на текот на специјалната воена операција.
Според него, тој има средби и разговори по телефон, пренесе РИА Новости.
Тој исто така рече дека постојано разговара за прашања поврзани со производството на оружје со раководителите на претпријатијата и компаниите од воено-индустрискиот комплекс, како и со оние кои го користат ова оружје.
„Зборуваме за нивната ефикасност, зборуваме каде и на што треба уште да се работи, каде и што недостига. Зборуваме како, на кој начин, со какви чекори, со кое темпо да ги зголемиме нашите напори “, рече претседателот на Русија.
Путин нагласи дека зголемувањето на темпото и обемот на производство во одбранбениот сектор не треба да дојде на сметка на социјалните обврски кон граѓаните.
„Сè треба да биде во хармонија, така да се каже, меѓусебно, вклучително и нашите напори на полето на зголемување на одбранбените капацитети, не треба да ѝ наштетат на главната работа – и главната работа е основата, а основата е економијата“, рече претседателот.
Минатата недела Путин, говорејќи во SPIEF, рече дека претпријатијата од воено-индустрискиот комплекс работат во две или три смени. Според неговите зборови, производството на воени производи се зголемило за 2,7 пати, а кај најпопуларните примероци за десет пати.
Подоцна беше откриено дека ова интервју е снимено на 21 јуни неколку дена пред бунтот на Вагнер.