Руските власти наводно им понудиле амнестија на борците на Вагнер доколку се предадат.
Руски претставник изјави за руската државна новинска агенција Тас дека на борците на Вагнер им е ветена амнестија доколку го предадат оружјето, но тие мора брзо да дејствуваат, пренесува Ројтерс.
„Вагнеровите борци сè уште можат да го положат оружјето и да избегнат казна со оглед на нивните достигнувања за време на специјалната воена операција во Украина, но тоа треба да го направат брзо“, изјави пратеникот Павел Крашениников за ТАСС.