(ВИДЕО) Војна на улиците на Русија: Во Воронеж одекнуваат експлозии, почнаа улични борби

Од:

„Еден од конвоите на Вагнер беше нападнат во близина на Воронеж. Граѓанската војна официјално започна“, објави Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи на својот профил на Твитер наводна порака од групата Телеграма на Вагнер.

Платениците на Евгениј Пригожин го зазедоа Ростов на Дон, по што Русија воведе антитерористички мерки. Во Ростов, наводно, сега има улични тепачки, одекнуваат експлозии, а Вагнерците тргнале да го окупираат аеродромот.

Шефот на руските платеници Евгениј Пригожин ги обвини руските власти за намерно убивање на неговите борци и најави државен удар против военото раководство. Рускиот претседател Владимир Путин и се обрати на нацијата и рече дека ова е чин на предавство и дека Русија ќе се брани.

„Ова е еквивалентно на вооружен бунт. Се бориме за животот и безбедноста на нашите граѓани и за нашиот територијален интегритет. Ова е предавство“, рече Путин во обраќањето до јавноста.

Во меѓувреме, Вагнерците го зазедоа градот Ростов, каде што сега наводно се водат улични борби. Како што јави белоруската агенција Nexta, во Воронеж дошло до силна експлозија, а припадниците на „Вагнер“ почнале да ги заземаат аеродромот.

Би можело да ве интересира

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Зеленски ја обвинува Русија дека систематски регрутира кинески борци за војната во Украина

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина