Кулеба: На Киев му недостигаат гранати, а Русите владеат во воздухот

Од:

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитриј Кулеба изјави дека главните проблеми на украинската контраофанзива се надмоќта на Русија во воздухот и нестабилното снабдување со гранати во доволни количини. Неговите зборови ги пренесува британскиот весник Телеграф, а ги пренесува „РИА Новости“.

„Најголемиот проблем на контраофанзивата е одржливоста на снабдувањето со артилериска муниција во доволни количини. А вториот најголем проблем е руската надмоќ во воздушниот простор“, рече Кулеба.

Според него, обезбедувањето одржливост на снабдувањето со муниција е „неосвоен врв“ за украинската армија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски