СДСМ: Криминалот во НПК треба да се казни

Од:

СДСМ пред некогашната зграда на Националната платежна картичка праша каде и како се потрошени седумте милиони евра. Дали оваа сума потрошена на криминален начин не заслужува истрага и одговорност?

„Да потсетиме дека платежната картичка беше проценета лично од Груевски на 7,3 милиони евра, а била продадена за 1,5 милиони и тоа не за пари, туку за конвертибилни сертификати. На чело на Националната плтежна картичка беше братучедот на премиерот, Влатко Мијалков а во Управниот одбор членуваа: Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиевски“, рече Дарко Давитковски од СДСМ.

Ова ,рече , е само еден пример, зошто на ВМРО-ДПМНЕ не му одговараше предложениот уставен амнадман на опозицијата, со кој ќе се оставеше можност делата поврзани со приватизацијата да не застаруваат. Доколку со надгласување не се отфрлеше амандманот, ќе се оставеше можност овој случај повторно да биде отворен.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема идеи

„По периодот кога Груевски беше министер, СДСМ повторно беше цели 4 години на власт и не најде криминал во проектот национална платежна кратичка. Ќе ги потсетиме дека Стерјо Зиков, кој во тоа време беше скопски обвинител, а сега актуелен член на Советот на политички систем на СДСМ за македонските медиуми во 2005-та година изјави и призна дека 9 месеци вршеле целосна истрага и не нашле никаков криминал во проектот НПК„, ВМРО-ДПМНЕ, писмено реагираше на обвинувањето на СДСМ.

СДСМ, според партијата на власт, очигледно нема идеи, како поинаку да го нападне Груевски па вади стари и фабрикувани случаи, за кои заборавиле дека тие јавно признале дека нема ништо незаконско.

Ова, велат од ВМРО-ДПМНЕ е уште еден обид за политичка амнестија на Бранко Црвенковски, кој, според нив, е најодговорен за ограбувањето и распродажбата на општествениот капитал во деведесеттите години.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?