Обединетите нации ја обвинија Русија за убиство на 136 деца минатата година за време на војната за агресија против Украина, се вели во интерен извештај што денеска го виде ДПА во Њујорк.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека е „згрозен“ од убиствата. Во извештајот се наведува и дека 80 деца биле убиени од украинските сили.
Руската армија е вклучена во списокот на ОН на организации кои вршат сериозни прекршувања на децата во вооружени конфликти.
Според списокот на ОН, минатата година во Украина биле убиени вкупно 477 деца, од кои 136 им се припишуваат на руските сили и сојузници, а 80 на украинските војници.
Ниту една од двете завојувани страни не може со сигурност да се обвини за преостанатите жртви. Во воздушните напади најчесто биле убиени деца, се наведува во извештајот.
Ваквите напади руските сили ги вршат врз украинските градови и села. ОН нагласија дека има голем број непријавени случаи поради строгите упатства за проверка на ваквите случаи.