Малолетници нападнале тројца пензионери во Сараево, едниот починал, а еден е тешко повреден

Од:

Тројца малолетници се осомничени за разбојнички напад и нанесување тешки телесни повреди на тројца пензионери во сараевската населба Алипашино Поле, а мажот кој почина како последица на повредите имаше 80 години.

Насилниците со шише удриле по глава и тешко повредиле еден од тројцата пензионери, пренесува „Аваз“.

Како што соопшти Обвинителството на кантонот Сараево, на тројца малолетници им е одреден едномесечен притвор.

Во сабота на 17 јуни во 1.15 часот уапсени се малолетните Ч.А.(15) и Ч.Н.(14), кои се осомничени за разбојништво во обид, кражба и нанесување тешка телесна повреда, додека уапсен Ц.М.(17) е осомничен за разбојништво.

Исто така, тие нападнале и повозрасна жена од Добриња која не сакала да го пријави случајот во полиција.

Би можело да ве интересира

Удрил во две девојчиња во Кичево и избегал, полицијата трага по возачот

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Уапсени четворица малолетници во Скопје – со закана со нож ограбиле две деца

Инцидент во Скопје: Деца биле истепани од двајца малолетници

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“