Државната полиција во Пенсилванија идентификуваше еден убиен и еден тешко ранет од вооружен маж кој упадна во касарна на државната полиција и отвори оган, а подоцна беше убиен по потера.
Со убиството и ранувањето на полицајците, билансот на престрелките во Пенсилванија кои се сличија деновиве се искачи на шест смртни случаи и повеќе од 10 ранети, пренесува АП.
Убиен е полицаецот Жак Рузо Јуниор (29), а поручникот Џејмс Вагнер (45) е тешко ранет, додека напаѓачот Брендон Стајн (38) од Томпсонтаун побегнал, но по потерата е убиен, соопшти полицијата.