Украинската армија во текот на изминатиот ден 35 пати ги гранатираше населените места на Доњецката Народна Република (ДНР), соопшти денеска мисијата на ДНР при Заедничкиот центар за контрола и координација на прекинот на огнот.
Во овие украински напади се ранети осум цивили, пренесува Тас.
Според податоците објавени на каналот Телеграм на мисијата, украинските војници користеле повеќецевни ракетни системи, како и артилериско оружје со калибар 152 и 155 милиметри.
Украинските вооружени сили извршија напади врз областите на четири населени места во ДНР и оштетија седум станбени згради и три објекти на цивилна инфраструктура, се наведува во соопштението.