Приведен е скопјанецот кој беше дел од сообраќајката на патот Скопје-Блаце, во Лепенец се трага по тројца, едниот малолетник

Од:

Возачот на фолксвагенот турна кој вчера беше дел од сообраќајната несреќа во која се судрија невоиот автомобил и косовскиот БМВ кое излета во лепенец е приведен информира Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираат дека во возилот имало четири лица од кои едното на 21-година е извелчено и пренесено во болницата „8 Септември“. Се трага по 16-годишник и уште по возачот и уште едно лица кое било во автомобилот.

-На 17.06.2023 околу 15.20 часот е пријавено дека на патот Скопје- ГП Блаце се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски таблички, управувано од Б.Б.(64) од Скопје и патничко возило „бмв“ со косовски регистерски таблички, управувано од Н.П.(60) од Косово, кое по несреќата паднало во реката Лепенец. Во возилото „бмв“, според пријавеното, покрај возачот имало и тројца сопатници М.П.(48), Ш.П.(21) и 16 годишен малолетник. По несреќата сопатникот Ш.П. е изваден од реката и пренесен во ГОБ „8 Септември“ каде од лекар му биле констатирани телесни повреди, а по останатите три лица се трага од страна на екипи од Одделот за специјални полициски операции, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител возачот на возилото „фолксваген туран“ Б.Б. е лишен од слобода и задржан за понатамошно постапување.

Би можело да ве интересира

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Двajца загинати и тројца повредени во сообраќајка кај Агино Село

А1он

Aвтобус што превезуваше ученици удри во карпа – тешко повреден е придружникот на патувањето

А1он