ВИДЕО: Осумгодишно девојче од Македонија загина во сообраќајка во Албанија

Од:

Осумгодишно девојче од Македонија попладнево го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа во која се повредени уште пет лица.

-Сообраќајната несреќа се случила на патниот правец Елбасан-Пеќин, кај селото Паулеш. Во несреќата учествувал автомобил марка „голф” со гостиварски регистарски таблички управуван од македонската државјанка Т.Б. кој се движел од Елбасан кон Пеќин и автомобил управуван од А.Х. жител на албанскиот град Каваја, пренесуваат медиумите.

Возилото го управувала мајката на девојчето и според полициски извори, загубила контрола, удрила во друго возило и по што автомобилот завршил во браниците на патот.

Во несреќата со повреди се здобила мајката на починатото дете Т.Б. и нејзината 11- годишна ќерка, како и А.Х. и две лица кои биле во неговиот автомобил. Транспортирани се во регионалната болница во Елбасан и според последните информации се вон животна опасност.

Причина за несреќата е влажниот коловоз и неприлагодена брзина на движење на автомобилот со македонски ознаки. Според медиумите местото каде што се случила несреќата е една од неколкуте црни точки на оваа делница.

Би можело да ве интересира

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Двajца загинати и тројца повредени во сообраќајка кај Агино Село

А1он

Aвтобус што превезуваше ученици удри во карпа – тешко повреден е придружникот на патувањето

А1он