Зечевиќ од Струмица: Моќната пораката на Бундестагот е резултат на државничките политики на СДСМ

Од:

Караванот теренски активности на СДСМ, „Рамо до рамо, до победа“ денеска продолжи во повеќе населени места ширум републиката.

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски заедно со претседателот на партиската комисија за транспорт и врски, Митко Трајчулески, беа помеѓу граѓаните на Струмица а пратениците Љубица Спасова и Коле Чаракчиев беа со граѓаните на Босилово.

-Моќна е пораката на германскиот Бундестаг. Една од најголемите и најсилни европски држави застана зад нас, ни даде поддршка на европскиот пат и ги потврди признанијата на македонскиот идентитет, јазик, култура и посебност. Ова е потврда на државничките политики на СДСМ, но и на сето она што го говориме веќе подолг период. Со мудрост, со вистински чекори и политики обезбедуваме поддршка во самата Унија и признание за македонскиот идентитет, јазик и култура. Тој резултат го носи современиот патриотизам и македонизам, рече Зечевиќ на маалска средба, рамо до рамо со струмичани.

Сега имаме историска шанса која мораме да ја искористиме, да го продолжиме патот кон Европа и да го обезбедиме македонскиот идентитет, вграден во европскиот, додаде тој повикувајќи ја опозициската ДПМНЕ да продолжи дијалогот.

-Затоа уште еднаш ја повикувам ВМРО-ДПМНЕ да продолжиме со дијалогот, да одредат тим, да застанеме рамо до рамо, да разговараме и заедно да ја донесеме историската одлука.Тоа им го должиме на граѓаните, на сегашните и на идните генерации, рече Миле Зечевиќ Вардарски денеска во Струмица.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ