Костадиновска – Стојчевска: Северна Македонија прави се да биде добар сосед на Балканот и партнер во позитивните промени

Од:

На младите од регионот не смее да им се подрива чуството дека се европејци исто толку колку европејците. Сите си требаме и ние на Европската Унија и таа нас, особено во времиња како овие, порача денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска пред учесниците на панелот посветен на „Модалитети за унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка“, што се одржува во Струга во рамки на Преспа форумот за дијалог (ПФД).

Северна Македонија, нагласи, прави се да биде добар сосед на Балканот и партнер во позитивните промени кои го движат Балканот и светот, што не е секогаш лесно и не е секогаш праведно. Соработката и солидарноста, според минисерката, се клучот на едно човештво и така треба да остане.

– Ги цениме сите придобивки од Берлинскиот процес за интеграција на Западен Балкан. Не радува високата поддршка што ја ужива иницијативата Отворен Балкан, особено кај младите. Но, она што мене ме загрижува е што расте евроскептицизмот, рече Костадиновска – Стојчевска.

Потсети на позитивни примери на регионална соработка, кои, според неа, не се замена за членството во ЕУ, но се добра почетна точка и пример дека навистина можеме да ги надминеме границите, особено преку културата, образованието и уметноста

– Секој кој ќе ја потцени моќта на културата и уметноста, живее во сопствената немоќ. Губи само тој. Имаме Македонски културни центри во Тирана, Софија, Истанбул и Загреб, а наскоро и во Белград, кои се вистински репрезенти на нашата култура, ја отсликуваат нашата соработка со земјите во кои се наоѓаат. Претставуваат центар на нашите културни работници, уметници што творат и живеат таму, но и оние што сакаат да ја претстават својата култура и уметност, посочи министерката за култура.

Панелот „Модалитети за унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка“ е фокусиран на добри практики кои постојат во Европа, а може да се применуваат во Западен Балкан. На него учествуваат млади од земјава и странство.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот