Шефот на киевската полиција, генерал Андриј Небитов изјави дека во денешниот руски напад оштетени и уништени се куќи во Киевската област.
– Пожарникарите, полицијата и лекарите се на местото на настанот. Има и жртви – додаде тој.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм објави дека ниту една зграда во главниот град не е оштетена во нападот, што би значело дека уништените куќи се наоѓаат во предградијата на регионот.