„Украина бележи постојан напредок во својата сè уште нова контраофанзива против руските сили, но цената веројатно ќе биде висока во она што се испостави дека е тешка битка“, рече највисокиот американски генерал.
„Украина го започна својот напад и постојано напредува. Борбите се многу тешки“, изјави денеска на прес-конференција во седиштето на НАТО во Брисел, генерал Марк Мили, началник на Здружениот генералштаб на САД.
„Борбите се екстремно насилни и веројатно ќе потрае долго време, а цената ќе биде висока“, додаде тој.
Мили го пофали лидерството, умешноста и моралот на украинските сили и го спореди со Русија, велејќи: „Нивното раководство не е нужно кохерентно, моралот на нивните војници не е висок, и тие се на одбранбени позиции, а многу од нив не знам зошто се таму“.