САД, Велика Британија, Холандија и Данска објавија партнерство за испраќање одбранбена опрема во Украина, вклучително и „стотици проектили“, пишува „Гардијан“.
Во заедничката изјава потпишана од претставниците на овие четири земји, се наведува дека испораката на воена опрема и оружје „веќе е започната“ и ќе биде завршена „во рок од неколку недели“.
Детали за пакетот воена опрема и оружје не се дадени, а Москва се уште не одговорила на соопштението.