Русија очекува Јужна Африка да му гарантира имунитет на Путин на самитот на БРИКС

Од:

Русија очекува дека Јужна Африка ќе му гарантира имунитет на рускиот претседател Владимир Путин за време на самитот на БРИКС закажан за август во Јоханесбург, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Рјабков изјави за ТАС дека Русија очекува Јужна Африка дефинитивно да биде водена од разбирањето дека највисоките функционери уживаат апсолутен јурисдикциски имунитет од гонење.

– Испративме релевантни сигнали до Јужна Африка и очекуваме се што е поврзано со самитот и учеството на руското раководство да биде организирано на тој начин – рече Рјабков.

Рјабков повтори дека Русија смета дека налогот за апсење на рускиот претседател издаден од Меѓународниот кривичен суд (МКС) е правно ништовен и дека тоа е провокативен и целосно неприфатлив потег.

Рјабков истакна дека Русија „никогаш не била страна на договорот за основање на МКС“.

Речиси 20 земји бараат членство во БРИКС и нивниот број продолжува да расте, рече Рјабков, наведувајќи дека тоа се претежно азиски и азиско-пацифички земји.

– Ова ја одразува растечката и веќе значајна улога на БРИКС на меѓународната сцена – истакна Рјабков.

Би можело да ве интересира

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп