(ВИДЕО) Георгиевска: Променетиот став за уставни измени и легитимитет кај Мицкоски и ДПМНЕ е шанса за дијалогот

Од:

„Нашата држава, нашиот народ имаат историска шанса за продолжување на процесот на интеграција во Европската унија. Пратеничката група на СДСМ го поздравува фактот што Христијан Мицкоски го промени ставот и сега веќе не се противи на уставните измени“, рече Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

„Менувањето на ставот на Мицкоски е добро за земјата, имаме доближување на ставовите и дијалогот со ДПМНЕ треба да продолжи по оваа нова ситуација.

Сега сите политички партии, вклучително и ДПМНЕ се согласни дека овој парламентарен состав има полн легитимитет и целосен мандат да ги спроведе уставните измени за продолжување на европскиот пат.

Дополнително, ДПМНЕ нема ништо против внесувањето Бугарите во уставот.

После една година ова е значајна промена. Дојдени сме до една точка од којашто треба да се продолжи понатаму да се разговара и да не се навраќаме наназад.

Особено сега кога е јасно дека се потопени сите лаги и хистерии за бугаризација и асимилација кои се ширеа во изминатиот период.

Имаме заштитен македонски јазик и идентитет во Европската унија а очекуваме и силна реафирмација и потврда за ова уште денеска од страна на Германија.

Затоа, клучно е дијалогот да продолжи, преку разговор да се најде соодветен модел за уставни измени којшто ќе биде во рамки на преговарачката рамка.

Наместо преку медиумите, да седнеме заедно, рамо до рамо, во интерес на граѓаните и иднината на земјата.

Уште еднаш, го охрабруваме Мицкоски да остане на променетите ставови и што поскоро ДПМНЕ да формира тим со кој ќе разговараме за спроведување на уставните измени.

Народот, граѓаните, земјата, немаат време за губење.

Уставните измени треба да бидат усвоени што побрзо, со цел побрзо и да го завршиме процесот на преговори со ЕУ и веќе до крајот на 2030 година станеме полноправна земја членка на Унијата.

Како пратеници имаме одговорност пред граѓаните кои ни ја дале довербата, имаме одговорност пред иднината на државата“, изјави Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ почна постапка за избор на нов претседател, во игра се повеќе кандидати

Катерина Ѓуровски

Лукаревска: Ова е прва седница на ЦО по изборниот пораз, најверојатно ќе се отворат многу прашања

Предраг Петровиќ

Општина Аеродром: Нема бетонизација во Лисиче, ќе се гради една зграда и два парка

Мицкоски првпат пратеник, во клупите и цело екс раководство на СДСМ, ќе се конституира новиот паралментарен состав

Катерина Ѓуровски

ИО на СДСМ: На 30 јуни непосредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ

Предраг Петровиќ

Извршниот одбор на СДСМ треба да ги утврди роковите за внатрепартиски избори за ново раководство и за отчетниот конгрес

Предраг Петровиќ