СДСМ: Променетиот став за уставни измени е шанса за ДПМНЕ да застане на вистинската страна

Од:

„Добро е што ДПМНЕ Христијан Мицкоски го променија ставот и што сега не се против уставните измени и внесување на делови од бугарскиот народ во Преамбулата“, велат од СДСМ.

„Самиот Мицкоски тоа јавно го кажа по лидерската средба на која беа прифатени сите негови услови и барања.

Ова е добра шанса за конечно Мицоски и ДПМНЕ да застанат на вистинската страна, на страна на државните и националните интереси.

Сега дијалогот треба да продолжи, да се искористи моментот и јасната поддршка што Македонија ја добива од ЕУ и од својот стратешки партнер САД и процесот наинтеграција во Унијата да се забрза.

Сите политики субјекти, вклучително и Мицкоски и ДПМНЕ треба да покажат одговорност и заеднички, низ дијалог и компромис да ја реализираме стратешката цел, да обезбедиме европска иднина на нашите граѓани, дома во нашата татковина“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема