Повеќе од 100 луѓе се удавија, а некои се водат за исчезнати откако брод со повеќе од 300 патници се преврте по реката Нигер. Невестата и младоженецот отпатувале во државата Нигер и се враќале од свадба која се одржала во државата Квара, пишува Би-Би-Си.
Надлежните наведуваат дека се уште трае спасувачката акција и потрагата по исчезнатите. Бродот се превртел откако брановите го носеле кон дрво, во кое удрил. Емирот на Патиги, Ибрахим Умар Бологи II (традиционалниот владетел на областа каде што се случи несреќата) изјави дека загинале повеќе од 150 луѓе.
Портпаролот на полицијата на државата Квара за новинската агенција АФП изјави дека бројот на жртви најверојатно ќе биде поголем. Жителите на селата и населбите покрај реката Нигер често патуваат со чамци бидејќи побрзо стигнуваат до својата дестинација отколку возење по пат. Сепак, бродските компании често земаат премногу патници и ги преоптоваруваат бродовите за да заработат што е можно повеќе пари.