Општина Аеродром: Намалување за 50 проценти на комуналиите за изградба на индивидуални домови во населбите Лисиче и Горно Лисиче

Од:

Општина Аеродром продолжува со финансиската поддршка и помош за граѓаните на Аеродром. Носиме одлуки кои носат директен бенефит за аеродромци. На последната седница, Советот на Општина Аеродром усвои предлог иницијатива, со која од Град Скопје се бара намалување за 50% на надоместокот за уредување земјиште за изградба на објекти за и͟н͟д͟и͟в͟и͟д͟у͟а͟л͟н͟о͟ д͟о͟м͟у͟в͟а͟њ͟е (куќи)͟ ͟во населените места во Лисиче. Иницијативата го опфаќа реонот на населбата Лисиче и Горно Лисиче на улиците Ѓорѓи Капчев и Тодор Чангов информираат од општината.

– Усвоената предлог-иницијатива ќе биде доставена до Советот на Град Скопје и Градоначалникот на Град Скопје за понатамошно усвојување. Имајќи предвид дека истата значи сериозно финансиско олеснување за граѓаните, апелираме до Советот на градот во најкраток временски период да ја разгледа и усвои истата. Одлуката на советот е уште една потврда за нашата грижа за граѓаните во услови на економска криза. Општина Аеродром во континуитет презема мерки со кои овозможува директна финансиска помош и поддршка на граѓаните. По прифаќањето на одлуката од страна на Градот Скопје, граѓаните на овој дел од општина Аеродром, при изградба на индивидуалните објекти (куќи) ќе плаќаат комуналии кои ќе бидат за 50% пониски од актуелните, се вели во соопштението од Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

СДСМ: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година

Трагедијата во Кочани ги покрена градоначалниците: контроли во угостителски објекти, проверка на училишта и градинки

Катерина Ѓуровски