Ракета погоди станбена зграда во Криви Рих: Три лица загинаа, а 25 се ранети

Од:

Утрово пред зори три лица загинаа, а 25 се ранети кога ракета погоди станбена зграда во Криви Рих во централниот украински регион Дњепропетровск, соопшти регионалната администрација.

„Уништена е една зграда со пет ката. Според првите информации загинале тројца жители. 25 лица се ранети, а 19 од нив се во болница, објави преку Телеграм регионалната управа на Днепропетровск.

Како што се наведува, под урнатините се уште има луѓе.

Претходно управата соопшти дека зградата била погодена од ракета.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимен моментот кога ракетите ATACMS паѓаа на сред плажа на Крим

Разговараа американскиот и рускиот министер за одбрана, објавија различни верзии за разговорот

ВИДЕО: Силен удар на Крим, убиени две деца

Предраг Петровиќ

Украинци мислеле дека бегаат од земјата, па биле регрутирани „на измама“

Предраг Петровиќ

Во соседтвото никнува најголемата НАТО база во Европа

ВИДЕО: Русија рано утринава нападна, снимени руски ракети кои летаат кон Киев