Мајка тргна да краде, па и се запали возилото во кое беа нејзините две деца

Од:

Алиша Мур (24) е уапсена и сега се соочува со две кривични пријави за инцидентот од 26 мај, пишува NBC News. Според податоците, двете деца на жителката на Орландо, чија возраст не е позната, го преживеале пожарот, но едното се здобило со изгореници од прв степен.

Нејзиниот „Линколн“ од 2016 година бил паркиран во трговски центар во Овиедо, каде што наводно крадела во продавница со „непознат маж“ кога нејзиното возило се запалило, се вели во извештајот за апсењето.

Мур ја фрлила робата и побегнала од стоковната куќа кога видела дека нејзиниот автомобил е зафатен од пламен.

Како што пренесува NBC News, двете деца на крајот успеале да побегнат од запаленото возило и да добијат нега во блиската болница благодарение на помошта на минувачите.

Во извештајот за апсењето се наведува и дека едно од децата се здобило со повеќе изгореници од прв степен на лицето и ушите пред да можат да побегнат.

Полицијата ја уапси Мур и ја обвини за подметнување пожар и отежнато занемарување на детето, пишува NBC News.

Додека причината за пожарот сè уште не е позната, според извештајот за апсењето, Мур придонела за повредите на нејзините деца бидејќи „пожарот настанал за време на криминално дело извршено од Мур“.

Алиша Мур во петокот се изјасни за невина. Нејзината кауција беше одредена на 20.000 долари, а рочиштето е закажано за 27 јуни.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас