После пет години од убиството: Шестмина полицајци обвинети за смртта на еден Афроамериканец

Од:

Шестмина швајцарски полицајци обвинети за смртта на Афроамериканец денеска се појавија на суд.

Жртвата доживеала фатален срцев удар додека била „прикована“ на земја од полициски службеници.

Полицајците се обвинети за „убиство“ на Мајк Бен Питер, 39-годишен Нигериец, во Лозана во 2018 година.

Смртта на Бен Питер предизвика протести на активисти кои ја обвинија швајцарската полиција за институционален расизам, што полицијата го негираше.

Во обвинението се наведува дека Бен Питер не ги исполнил барањата на полицијата и дека полицајците употребиле бибер спреј и удари со колена по ребрата и меѓуножјето за да го натераат да легне на земја и да му врзат лисици, додавајќи дека тој продолжил да дава отпор додека неколкумина полицајци го држеле со лицето надолу.

Полицајците се соочуваат со максимална казна затвор од три години доколку бидат прогласени за виновни.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна скеле на зграда висока 60 метри во Швајцарија – тројца мртви, осуммина тешко повредени

(ВИДЕО) Обилните дождови во Швајцарија доведоа до лизгање на земјиштето, осум лица се водат за исчезнати

ВИДЕО: Страшно невреме ја опустоши Швајцарија, тројца исчезнати, села отсечени, автопат затворен

Предраг Петровиќ