Селекцијата на Србија со победата над Белгија од 76:69 е на чекор од пласман во четвртфиналето.
Тие се лидери во новата група Е, пренесоа 4 поени и со овие 2 имаат вкупно 6, колку би можеле да имаат и Французите вечерва доколку ја совладаат Литванија.
Најзаслужен за победата на Србија беше Ненад Крстиќ со 17 поени, потпомогнат од Стефан Марковиќ со 15. Кај поразените Вен Мукубу постигна 16.