СПУКМ: Студентите да издејствуваат бесплатен јавен превоз

Од:

По иницијативата на советничката група на СДСМ до Советот на Град Скопје за бесплатен јавен превоз за сите студенти, денеска Студентскиот Парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје информира дека оваа реформа треба да ја издејствуваат студентите.

– Како легитимно, претставничко тело на студентите, но и како главни иницијатори за оваа промена, во согласност со волјата на студентите, им се заблагодаруваме за заложбите. Оваа наша, едногодишна борба треба да остане во рацете на студентите. Ова не е начин за добивање на дневно политички поени, туку е вистинска потреба на секој студент. Затоа оставете не на наш студентски начин да ја издејствуваме оваа реформа, се вели во соопштението од СПУКМ.

Од Студентскиот Парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје потсетуваат дека претходната академска година почнале кампања за намалување на цените на јавниот превоз за студентите на УКИМ.

– Паралелно на институционалното лобирање, спроведувме и кампања за да го дознаеме мислењето на студентите на оваа тема. Еден месец делевме анкетни прашалници по сите факултети на УКИМ и студентски домови. Над 15.000 студенти ги пополнија анкетните листови, а резултатите упатуваат дека повеќе од 70 отсто се за намалување на цената на месечниот билет на јавниот превоз за студентите, стои во соопштението од СПУКМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар